19/04/2024
Струга

Пронајдена дрога кај стружанец во интернет кафе

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.П.(30) од с.Добовјани, струшко, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. На 09.08.2020 во Струга, полициски службеници во интернет кафе извршиле контрола, при што бил извршен и преглед над пријавениот и кај него бил пронајден и одземен хашиш.