20/04/2024
Охрид

Пронајдена дрога во домот на охриѓанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против П.С.(22) од Охрид.

Пријавениот, на 16.09.2019 на улицата ,,Абас Емин“ во Охрид бил запрен од полициските службеници и при преглед кај него бил пронајден амфетамин. При претрес во неговиот дом, бил пронајден и одземен амфетамин.