Пронајдена дрога во возило од охриѓанец на патот Струга – Дебар

На 27.10.2020 во 19.15 часот,  во близина на деловен објект лоциран на  регионалниот пат Струга – Дебар, при преглед извршен врз Т.Р.(29) од Охрид, кој бил во патничко возило „пежо 206“, со охридски регистарски ознаки, пронајден е и одземен кокаин. Тој е приведен во полициска станица, по што ќе му биде поднесена соодветна пријава.