25/04/2024
ДебрцаОхрид

Пронајдена и одземена марихуана при преглед на патничко возило на патот Охрид-Струга

На 01.02.2023 во 13:20 часот кај плажата „Дебрца“ на магистралниот пат Охрид-Струга, полициски службеници од СВР Охрид го приведоа А.Б.(31) од Охрид.

При преглед на патничко возило „фолксавген голф“, во кое бил со уште едно лице, полициските службеници кај него пронаjдоа и одзедоа марихуана.

По документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.


WebOhrid / 02.02.2023 / СВР Охрид