25/04/2024
Струга

Пронајдена марихуана кај жител од струшко Заграчани

На 04.07.2019 година во периодот од 08.30 часот до 10.30 часот, врз основа на судска наредба, полициски службеници извршиле претрес во дом и други простории кои ги користел З.А.(48) од с.Заграчани, струшко.

При претресот биле пронајдени две вреќи со марихуана, 18 патрони за ловна пушка, две стебла од растението Cannabis Sativa и една дигитална вага. По документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.