25/04/2024
Струга

Пронајдена марихуана во возило на патот Струга-Дебар

На 15.11.2020 во 23.45 часот, на регионалниот пат Струга-Дебар кај месноста „Суво поле“, полициски службеници од полициското одделение Велешта, извршиле контрола на патнички автомобил „поло“ со дебарски регистарски ознаки, управуван од В.К.(20) од Дебар.

При извршен преглед, кај А.Л.(23) од Дебар-сопатник во возилото, пронајдена е марихуана. Двајцата се приведени во полициска станица и ќе биде поднесена соодветна пријава.