Пронајдена почината жена во куќа на улицата „Даме Груев“

На 15.04.2021 година во 14:35 часот, во СВР Охрид пријавено е починато женско лице во куќа на улицата „Даме Груев“ во Охрид.

Од извршениот увид, во присуство на јавен обвинител, медицински и полициски екипи, констатирано е дека се работи за Љ.Т.(85) од Битола, а смрт без траги на насилство констатирал лекар од Итна медицинска помош.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатата е дадено на обдукција.