18/04/2024
Струга

Пронајдени 50 килограми марихуана во близина на граничниот премин Ќафасан

На 11-ти ноември оваа година, околу 19 часот, на зелениот граничен појас во близина на граничниот премин Ќафасан, граничната полиција Регионален центар Запад, пронајде и одзеде две торби со 46 пакувања опојна дрога Марихуана, со вкупна тежина од 50 килограми.

На местото каде се пронајдени двете торби, извршен е увид по што, истите се подигнати, а опојната дрога е предадена на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

Се преземаат мерки за целосно документирање и расветлување на настанот.