25/04/2024
Македонија

Пронајдени 77 артилериски гранати при ископ на земја во Нов Дојран

Денес во близина на плажата Алекс, Нов Дојран при ископ на земја се пронајдени 77 артилериски гранати од 75 мм кои потекнуваат од Првата Светска Војна.

Од страна на пиротехничарите на Дирекцијата за заштита и спасување истите се извадени и со полициска придружба се транспортирани на безбедно место.


WebOhrid / 08.07.2022 / Дирекција за заштита и спасување