28/03/2024
Охрид

Пронајдени две лица од Радолишта кои се загубиле на Галичица

На 18.06.2018 година во 18:05 часот во Секторот за внатрешни работи Охрид, Б.Т.(44) од Охрид пријавил дека истиот ден околу 16:00 часот телефонски се слушнал со неговите пријатели Г.А. и Р.Т. од с.Радолишта, струшко, кои му кажале дека се наоѓаат на планината Галичица, но дека не ја знаат точната локација.

Возилото со кое биле, претходно го оставиле во с.Велестово. Од тој момент до 21:00 часот лицата биле недостапни на своите мобилни телефони. Во 21:00 часот со лицата бил остварен телефонски контакт, а во 05:00 часот на 19.06.2018 година лицата биле пронајдени.