18/04/2024
ОхридСтруга

Пронајдени околу 60 килограми марихуана на стариот пат Охрид – Струга

На 23.11.2017 година околу 21.00 часот на стариот пат Охрид – Струга, во близина на мостот на река Сатеска, биле пронајдени 59 пакувања со вкупна тежина од околу 60 килограми опојна дрога марихуана. Опојната дрога била ставена во пет торби, а била пронајдена од полициски службеници од СВР Охрид и Криминалистичката полиција – Сектор за недозволена трговија со оружје и опасни материи при Министерството за внатрешни работи.

Полициските службеници пронашле и едно пакување со кафеава прашкаста материја која заедно со останатите биле одземени и предадени на вештачење во Министерството за внатрешни работи во Скопје.

СВР Охрид и Секторот за недозволена трговија презема мерки за целосно документирање и расчистување на случајот.