19/04/2024
Македонија

Пронајдени пиротехнички средства во дојранско, следува соодветна пријава

Денеска (30.12.2021), по претходно преземени мерки и активности, полициски службеници од ОВР Гевгелија со претставници на Државен пазарен инспектор извршиле контрола во продажен објект во с.Фурка, општина Стар Дојран. При контролата во објектот биле пронајдени и одземени околу 900 парчиња петарди и поголем број други разновидни пиротехнички средства.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава по член 396 од Кривичниот законик.