29/03/2024
Македонија

Пронајдени странци кои се изгубиле во близина на манастирот Трескавец

Во текот на вчерашниот ден, во 16:55 часот во Полициската станица во Прилеп беше пријавено дека се изгубени двајца странски државјани – брачен пар од Белгија.

Истите беа пронајдени во близина на манастирот Трескавец од страната накај с.Дабница. Лицата не беа повредени. Тие биле пешки во посета на манастирот Трсекавец, но на враќање го погрешиле патот и се изгубиле (наместо кон Прилеп се упатиле во правец накај село Дабница) и побарале помош од ПС Прилеп, кои испратиле екипа која за релативно кратко време успеа да ги пронајде