14/06/2026
Охрид

Пронајдено безживотно тело во поранешните оранжерии во Охрид

На 06.12.2025 година во 16:20 часот, во поранешните оранжерии на улицата „Прва Македонска ударна бригада“, пронајдено е машко безживотно тело.

По преземени мерки, на 07.12.2025 година, утврдено е дека се работи за З.Т.(57) од Охрид, кој на 04.12.2025 година во 18:25 часот, во СВР Охрид беше пријавен дека се оддалечил од семејниот дом.

По наредба на јавен обвинител, денеска врз телото ќе биде извршена обдукција.


СВР Охрид / 08.12.2025