25/04/2024
Охрид

Пронајдено безживотно тело во водите на Охридското Езеро кај мостот на каналот „Студенчишта“

Безживотно тело е забележано во водите на Охридското Езеро во близина на плажата „Бафало бич“ кај мостот на каналот „Студенчишта“. Телото, во 11 часот и 55 минути го забележал случаен минувач кој се движел на пешачката патека од мостот кај каналот „Студенчишта“ кон „Парк“ на околу два метри оддалеченост од брегот. Настанот веднаш го пријавил во езерската полиција.

Моментно, на посоченото место се врши увид предводен од Јавен обвинител и полициски екипи од СВР Охрид.