28/03/2024
Охрид

Пронајдено безживотно тело во водите на Охридското Езеро

Денес околу 14 часот и 30 минути, во СВР Охрид, добиено е телефонско известување за забележано безживотно тело во водите на Охридското Езеро на плажа на кеј „Македонија“.

На местото на настанот, увид извршија Јавен обвинител и полициски и медицински екипи од итната медицинска помош, при што констатирано е дека се работи за С.Ј.(49) од Охрид, врз чие тело не се забележани видливи траги на насилство.