Пронајдено оружје и муниција во струшко

На 20.08.2020 во нива во близина на патниот правец помеѓу с.Калишта и с.Франгово-Струга, по оперативни сознанија пронајдени се 138 гранати за рачен фрлач на гранати, 41 метални сандаци со муниција со калибар 7,62 и 12,7 мм, 30 испукувачи РПГ, 130 полнења за гранати, 760 парчиња куршуми со калибар 20мм.

Известено е Основното јавно обвинителство –Струга и Дирекцијата за заштита и спасување и се преземаат мерки и активности за расчистување на случајот.