29/03/2024
Македонија

Пронајдено паднато лице во провалија во околината на Тумбе кафе

Денес, 15.05.2020, од рано изутрина потрагата по лицето кое се води како исчезнато од 13.05.2020 продолжи. Тимот на Дирекцијата за заштита и спасување за спасување од планина, надополнет со уште неколку членови, по кратка координација со припадниците од МВР-СВР Битола и вклучување на две кучиња трагачи и помош од воздух со два дрона продолжија со пребарување на теренот и потрагата по исчезнатото лице.

Лицето е пронајдено од страна на Тимот за спасување од планина на Дирекцијата за заштита и спасување во соработка со припадниците на МВР-СВР Битола.

Дирекцијата за заштита и спасување известува дека лицето е пронајдено паднато во провалија на местото Тумбе кафе.

Лицето е пронајдено со видни повреди по целото тело и покажува знаци на живот и со возило на Итната медицинска помош е пренесено во битолската болница.