Пронајдено починато лице во автомобил на паркинг кај „Горна Порта“
На 30.04.2021 година во 20:10 часот во СВР Охрид пријавено е дека во автомобил на паркинг во близина на „Горна Порта“ во Охрид е пронајдено починато лице.
Од извршениот увид констатирано е дека станува збор за М.Ј.(55) од Охрид, а лекар од Итната медицинска помош констатирал смрт без траги на насилство.
По насоки на јавен обвинител, телото е предадено на семејството.