29/03/2024
Охрид

Прослава со Спасен Силјаноски за празникот Св.Недела во истоимената црква во Долно Коњско

По повод празникот посветен на Светата Великомаченичка Недела, на 19ти јули (петок), во црквата Св.Недела, Долно Коњско, Охрид Црковниот одбор од с.Коњско организира прослава збогатена со музика. И оваа година присутните ќе ги забавува фолк пејачот Спасен Силјаноски. Забавата е со почеток во 21:00 часот.

На 20ти јули (сабота) во црквата Света Недела ќе се служи света литургија, со почеток во 07:30 часот. Со литургијата ќе чиноначалствува парохискиот свештеник отец Атанас Казанџиски.

Се повикуваат сите верници од Коњско, Охрид и околните места, па и пошироко на заедничко прославување на овој празник.

Повеќе за Црквата Св.Недела во Коњско

Храмот започна да се гради во 2007 година по иницијатива на Црковниот одбор, според проект на директорката Завод и Музеј Охрид, Тања Бунташеска Паскали, а се изгради со донациите на локалните жители, како и жителите од пошироката околија.

Инаку, црквата „Света Недела“, беше осветена на 13-ти јули 2014 година, на празникот Собор на Светите славни и сефални апостоли – Павловден.

WebOhrid