20/04/2024
Македонија

Проштална средба со амбасадорот на Република Бугарија, Иван Великов Петков

Претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Република Бугарија во Република Македонија, Н.Е. г. Иван Великов Петков.

На средбата двајцата соговорници разменија мислења за севкупните билатерални односи меѓу Република Македонија и Република Бугарија. Претседателот Иванов го истакна интересот на Република Македонија за натамошно унапредување на севкупните односи и политичкиот дијалог со Република Бугарија.

Претседателот Иванов изрази очекување дека Република Бугарија и натаму ќе остане силен поддржувач и партнер на македонските интеграции во Европската унија и во НАТО.

Претседателот Иванов се заблагодари на амбасадорот Петков за неговиот севкупен ангажман и личен придонес во унапредувањето на односите меѓу Република Македонија и Република Бугарија, и му посака успех во натамошните ангажмани.