18/04/2024
Македонија

Проверете дали ви следува финансиска помош од 6.000 денари

Ажуриран е списокот на кој граѓаните ќе можат да проверат дали им следува финансиска помош од Владата на РСМ, во висина од 6 000 денари. Ова е четвртиот пакет мерки за справување со последиците од Ковид-19.

Четвртиот пакет мерки е наменет за граѓани со низок доход, корисници на пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица на возраст од 16 до 29 години, самохран родител, деца без родители и родителска грижа, уметници и други лица кои вршат дејност во културата, филмски работници и естрадни уметници.

Граѓаните можат да извршат проверка, доколку го внесат матичниот број на овој ЛИНК.