18/04/2024
Писма/Колумни

Прв протест против труења на животни во Р.Македонија

Прв протест против труњето животинки организиран во Р. Македонија. Денес, 28.02.2016, го дигнавме гласот против злото отрови наречено. Го дигнавме гласот против злото убиство наречено. Бидејќи ние љубителите на животните (љубителите на животот) не сакаме во такво општество да живееме, општество кое тие убиства ги толерира (а сведоци сме дека со децении ги толерира). Не сакаме ни на идните генрации такво општество да им оставиме во наследство. Зар би сакал некој? Бидејќи оној кој се дрзнува да убие животинче, тој не така тешко ќе се дрзне и човек да убие само ако му засмета. А можеби и веќе убил.

Бевме некаде 70-80 души, иако очекуваваме барем стотина да се собереме. Сите оние кои не дојдоја, а имаа време за тоа, значи дека се игнорантни кон злото. Игноранцијата значи поддршка на злото против кое денес гласот и го кренавме. Да, едно чудо игноратни итаа кафето да го испијат, едно чудо веќе и го пиеја дур ние се боревме за подобар живот, за подобро општество, за гласот на бесгласните галамевме. На само 10 метри од нас кафето и градоначалникот го пиеше. Не ни дојде да се заинтересира што тоа неговите граѓани кои протестираат сакаат да кажат. Кажува многу тоа. Но, да не им замеруваме на сите нив, секој со длабочината на својата душа и вредностите кои како човек ги има. Бар во иднина, ако не се променат нештата накај подобро, ние ќе имаме образ на идните генерации да им кажеме дека сме пробале против злото да се избориме, а не пасивни крај него да поминуваме.

Со овој протест се обидовме да пренесеме порака да се стави контрола на продажбата на отрови (како тоа отрови за глувци, така и хемии кои се користат за прскање на земјоделски култури), а кои отрови се злоупотребуваат за труење бездомни животни. Не ретко згаснуваат и животи на нечии миленици.

Напоменуваме, истиве отрови може да се злоупотребат и за труење човек, а и од невнимателност може и детски живот да згасне. Најчесто тие отрови од под тезга во земјоделските аптеки се продаваат, поради тоа што не е потребен рецепт за нив, ниту пак има строга контрола за нивна продажба и нивна употреба. Не ретко завршуваат и на наша трпеза, бидејќи штом нема строга контрола од Агенцијата за храна и ветерина (поточно од Фитосанитарен инспекторат), секој гледа како побрзо до профит да дојде, а притоа не се води сметка за начините како да се дојде до тој поголем профит.

Воедно, го кренавме и нашиот глас поради пасивноста која најчесто МВР ја покажува по нашите пријави за труење животинки (и животната средина), како и пасивноста на ветеринарниот инспекторат за да се расветлат овие грозоморни случаи. (ниту еден расветлен случај досега!)

Имено, во Законот за заштита и благосостојба на животните јасно стои:

ЧЛЕН 2: 1) ЖИВОТНИНТЕ ДА БИДАТ ТРЕТИРАНИ КАКО СВЕСНИ СУШТЕСТВА;

ЧЛЕН 4: 6) ЗАБРАНЕТО Е ПРЕДИЗВИКУВАЊЕ БОЛКА, ПАТЕЊЕ ИЛИ ПОВРЕДИ, СУРОВО ОДНЕСУВАЊЕ И НЕХУМАНО ОДНЕСУВАЊЕ И УБИВАЊЕ ЖИВОТНИ

ЧЛЕН 67: 2) ГЛОБА ВО ИЗНОС ОД 3.000 ЕВРА ЗА ФИЗИЧКО ЛИЦЕ АКО ПРЕДИЗВИКУВА БОЛКИ, ПАТЕЊЕ ИЛИ ПОВРЕДИ, СУРОВО И НЕХУМАНО СЕ ОДНЕСУВА КОН ЖИВОТНИТЕ И ГИ УБИВА

Исто така во Кривичен законик јасно стои:

Член 230

(1) Тој што спротивно на прописите за заштита на животната средина и природата складира, остава или расфрла отпадни матерни или со нив постапува на начин со кој се менува квалитетот на воздухот, почвата, водата или водотекот, во мера што може да ги влоши условите за живот на лугето или животните или растенијата и да го загрози нивниот опстанок, ќе се казни со затвор од три месеци до три години.

Мачење животни

Член 233

(1) Тој што грубо злоупотребува животно или го изложува на непотребни маки или му нанесува непотребни болки или заради изживување го изложува на страдање, ќе се казни со парична казна или со затвор до шест месеци.

Како што спомнавме, за жал досега никој не се казнил нити пак се покажале сероизни напори од надлежните институции да се најдат сторителите, па воедно го кренавме и гласот поради затајување на институциите при практичната имплементација на законите.

Бидејќи УБИСТВОТО Е УБИСТВО!

Бидејќи утре и нечиј човечки живот може да згасне.

Анималиа Охрид

*Ставовите во категоријата Писма/Колумни се лични ставови на авторите, за кои редакцијата на WebOhrid не сноси никаква одговорност.