28/03/2024
Спорт

Прва лига во Северна, ФИРОМ или пак само Македонија

Нашите граѓани можеби ќе имаат мал проблем да ја пронајдат нашата фудбалска лига на фудбалските сајтови за резултати во живо.

Имено, денес се одигра 20 коло од Првата македонска фудбалска лига.  За да ги пронајдеме резултатите од нашата лига, треба да одиме редоследно по азбучен ред, почнувајќи од ‘F’, па ‘М’, до ‘N’, бидејќи кај некои од тие сајтови сè уште сме FYROM, некои веќе го промениле името на нашата земја на North Macedonia, додека пак има и такви кај кои стои само Macedonia.

WebOhrid