24/04/2024
Охрид

Прва презентација на „Смарт Охрид“

Во Охрид, на 12 ти март (понеделник) ќе биде промовирана првата презентација на проектот „Смарт Охрид“. Настанот ќе се одржи во големата сала на општина Охрид, со почеток во 12:00 часот и е отворен за јавноста.

На настанот ќе може да се информирате како ќе изгледа транспортното решение „Смарт Охрид“ како начин за зголемување на мобилноста на локалното население, одржливо решение за летната сезона, меѓутоа и проект кој ќе привлече туристи во регионот.