Првачиња од ОУ „Григор Прличев“ во посета на банка по повод Светскиот ден на штедењето

Учениците од прво одделение при ОУ „Григор Прличев“ Охрид заедно со учителката Мимоза Трајческа и психологот Анастасија Настеска ја посетија Охридска Банка по повод Светскиот ден на штедењето 31 октомври.

Учениците беа срдечно пречекани од вработените кои ги запознаа со работењето на банката, а акцентот беше ставен на штедењето и созавањето навика за штедење. Младите штедачи се фотографираа со Оби Роби, детскиот лик на Охридска Банка, преку кој на најмладите им се пренесува приказната за важноста на штедењето.

Учениците добија симболични подароци како потсетник на нивната дружба.