28/03/2024
Охрид

Првачињата од ОУ „Григор Прличев“ станаа членови на Детската организација

Како и во секоја учебна година така и во оваа првачињата од ОУ „Григор Прличев“ – Охрид станаа членови на Детската организација. Имено, во рамките на Детската недела, во првата седмица од месец октомври првачињата беа запознаени со Конвенцијата за правата на децата донесена од УНЕСКО. Учениците денес 10.10.2019 година, дадоа свечено ветување :

Ветување“

 

Во овој момент

ветувам на сиот глас

дека моите наставници

ќе ги почитувам јас.

Секоја задача ќе се обидам

со леснотија да ја решам

но, ве молам простете,

ако некогаш згрешам.

Во овој момент

давам чесен детски збор

ќе се дружам со другарчињата

во училишниот двор.

Нивното зачленување беше свечено организирано со пригодна приредба, а оваа година сите ученици добија и азбуки кои беа донација од аптеките „Зегин“. Низ игра и музика, учениците се дружеа и уживаа во овој посебен ден.