20/04/2024
Охрид

Прво место за фотографија, второ за штанд, филм во топ 10 за учениците од „Ванчо Питошески“ на МАССУМ 2022

Учениците од ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ – Охрид под менторство на професорот по македонски јазик и литература, м-р Перчо Божиновски учествуваа на државниот натпревар „МАССУМ – Образовно рандеву 2022“ во Велес, во организација на Младинската асоцијација на средни стручни училишта на Македонија.

Во конкуренција на 48 училишта од Македонија нашите ученици ги измерија своите сили во знаења, таленти и вештини и постигнаа високи резултати во натпреварите во повеќе категории.

Златен медал – прво место за најдобра фотографија, учениците Даниела Митрева и Рахим Ѓулиоски.

Сребрен медал – второ место за најдобар штанд, учениците: Дарко Соколеки, Ерол Брзев, Димитар Дуноски, Ана Марија Мискоска, Рената Стојкоска, Теодора Црвенкоска, Ѓорѓи Паскоски, Марко Настески, Ардијан Бајрактар, Амди Бајрами, Сефер Бајрами, Елена Блажевска, Димитар Јановски, Теона Талевска, Никита Мишевски, Бојан Блажески, Рахим Ѓулиоски, Давид Тризагароски и Саида Ала.

Во ТОП 10 најдобри филмови со филмот „Тркало на животот“, учениците: Дарко Соколески, Ерол Брзев, Димитар Дуноски, Ана Марија Мискоска, Рената Стојкоска, Теодора Црвенкоска, Николче Ангеловски, Даниел Ѓоргиев, Александра Герасовска, Ѓорѓи Паскоски, Марко Настески, Дамјан Макешоски, Александар Маринчески, Ангел Камчески и Иво Колески.

Во категоријата најдобра модна ревија со свои креации учествуваа учениците Теона Талевска, Никита Мишевски, Рахим Ѓулиоски, Давид Тризагароски и Саида Ала покажувајќи забележителни резултати.

Од спортските категории, ученикот Димитар Јановски се натпреваруваше во категоријата најдобар пингпонгар.

Пораката од менторот на сите ученици, професорот Божиновски е дека навистина е гордост да се биде ментор на златни ученици, вистински пример за правилен избор на професија и успешна кариера!


WebOhrid / 07.05.2022 / ДСУ РЦСОО „Ванчо Питошески“ Охрид