24/04/2024
Македонија

Пуштена во оптек кована пара за колекционерски цели „Близнаци“

НБРМ ја известува јавноста дека е издадена и пуштена во оптек кованата пара за колекционерски цели „Близнаци“ од серијата „Хороскопски знаци“

Кована пара за колекционерски цели: „Близнаци“

Аверс:

На аверсот, во централниот дел на монетата се прикажани четири атласа коишто го држат небото и круг со симболите на сите хороскопски знаци. На вметнато кобалтно стакленце е претставена слика на северното небо со ѕвездата Северница во центарот, опкружена со соѕвездието Близнаци. Во долниот дел е претставен цртеж на Сончевиот Систем. На основата е прикажан дел од небесната карта. Во долниот дел од аверсот се прикажани грбот на Република Македонија и годината на издавање на монетата – „2018“. Исто така, прикажани се и натписи на македонски јазик: „Република Македонија“ и „100 денари“. 

Реверс:

На реверсот, во горниот дел од монетата е претставена слика на близнаци од ѕвездениот атлас „Firmamentum Sobiescianum“, создаден од Јоханес Хевелиј на крајот на 17 век. Сликата на хороскопскиот знак близнаци и неговото соѕвездие, претставена на монетата, преминува и на вметнатото кобалтно стакленце. Во горниот дел од монетата е претставен симболот на хороскопскиот знак близнаци. Во долниот дел е претставена златна слика на близнаци, врз цртеж на кој е претставен Сончевиот Систем. На десната страна е прикажано латинското име на хороскопскиот знак – GEMINI, а на левата страна, ознаката Ag 925.

Спецификација на монетата
Име на кованата пара Близнаци
Име на серијата ковани пари Хороскопски знаци
Номинална вредност 100 денари
Метал сребро (Ag) 925
Тежина 23,30 г
Димензија, форма 37 x 37 мм, квадратна форма 
Година на издавање 2018
Цена 2.800,00 денари
Контакт Зоран Милетиќ
miletikz@nbrm.mk
+389 2 3108 374

Начин на плаќање:
Странките кои се заинтересирани за купување ковани пари за колекционерски цели можат да добијат информации преку интернет-страницата на Народната банка, на телефонскиот број: 3 108 374, е-пошта: miletikz@nbrm.mk,  или лично, во просториите на Дирекцијата за трезорско работење, каде што се изложени кованите пари за колекционерски цели.