29/03/2024
Охрид

Работен состанок меѓу СВР Охрид и претставниците на Агенциите за обезбедување

По иницијатива на Канцеларијата за односи со јавноста, денеска во СВР Охрид ќе биде одржан работен состанок со претставниците на Агенциите за обезбедување што своите задачи од јавен интерес, согласно Законот за приватно обезбедување ги вршат во градот Охрид.

Средбата има превентивно-координативен карактер и претставува дефинирање на мерки за интензивирање на професионалната соработка со Агенциите како еден од субјектите во безбедноста на локален план, зајакнување на соработката и контактите со полициските службеници при преземање на ефикасни плански активности од областа на безбедноста и ефективно справување со безбедносните задачи. Целта на работната средба е подготовка и соработка за подобрување на севкупната безбедност во градот во пресрет на претстојните празници, намалување на бројот на казнените дела, јасна, доследна и недвосмислена примена на овластувањата и навремено преземање на ефикасни интервенции во делот на јавниот ред и мир и при други казнени дела со елементи на насилство.