29/03/2024
Македонија

Работен состанок за социјална интеграција на Ромите во Македонија

Министерката за труд и социјална политика Мила Царовска имаше воведно обраќање на Работниот состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија. Целта на овој состанок е зголемување на нивото на имплементација на Стратегијата за Ромите 2014-2020, како и Националните акциони планови за домување, вработување, здравство, образование и зајакнување на положбата на жената Ромка.

И покрај тоа што Ромите ги уживаат сите права не секогаш имаат пристап од многу причини до нив.

Токму затоа, треба да се обезбеди намалување на сиромаштијата и вклучување на Ромите во сите сфери како што се образованието, вработувањето, домувањето.

Владата има цврсти заложби да се направат темелни реформи.

„Министерството подготвува информацијата до Владата на РМ дека мора да имаме законски измени и посебни регистри за идентификација на лицата без документи. Тоа е првата работа која што е потребна за да ги оставрите своите права во една држава.Постои и волја и поддршка од институциите за решавање на ова прашање. Втора работа е предучилишото образование.Имаме проект за вклучување на децата Роми во предучилишното образование за нивен подобар старт во образовниот систем.Сметаме дека е и за ова е потребно системско решение, а не само проект, за да се вклучат сите деца во градинки, а со сите вклучително и Ромите.Затоа работиме на подобрување на инфраструктурта на градинките во РМ, како и на зголемување на кадарот во истите”, рече министерката за труд и социјална политика Мила Царовска.

Набројувајќи ги потребните мерки за подобрување на статусот на социјално ранливите категории на граѓани во кои во голем дел се и Ромите таа додаде дека ќе се воведе категоријата минимален приход која што, на пример, би ги опфатила собирачите на пластика.

Исто така, потенцираше дека со Активните мерки и политики за вработување има одредени Програми во кои се вклучени и Ромите, но дека истите не се прилагодени со соодветни критериуми.

Свои обраќања на Работниот состанок за социјална инклузија на Ромите во Република Македонија имаа и министерот без ресор задолжен за имплементација на Стратегијата за подобрување на состојбата на Ромите во Република Македонија Самка Ибраимоски и советник координаторот за ромски политики во Директоратот за проширување и добрососедска политика при ЕК, Марта Гарсија Фидалго.