29/03/2024
Македонија

Работилница за дизајн на рециклиран текстил и редизајн на мебел

„ReTex“ е насловена работилницата за дизајн на рециклиран текстил и редизајн на мебел, денес од 11 до 17 часот ќе се одржи во Музејот на град Скопје. Станува збор за проект подджан од Министерство за култура во програмата на визуелни уметности, архитектура и дизајн 2018 …

Работилницата, која е прва од ваков вид во Република Македонија ќе биде наменета за 6 избрани учесници. Се очекува од оваа работилница да произлезат неколку решенија за дизајн на рециклиран текстил и решенија на редизајн на столици. Целиот процес ќе се одвива под менторство на Александра Јовановска, моден дизајн – за редизајнот на текстилот и Екатерина Намичева, дизајн на ентериер и мебел за редизајнот на столиците.

Добиените резултати се очекува да предизвикаат поголема заинтересираност кај произведителите на мебел за вклучување нови методи на еколошки третирања во производството на мебел и текстил.

Се очекува поголема заинтересираност и за производство на македонски дизајниран мебел, односно реупотреба на тоа што досега се сметало за отпад. За време на работилницата заинтересираните посетители ќе можат да го следат процесот на работа.