Работна средба меѓу градоначалниците на Дебрца и Вевчани
Градоначалниците на општините Дебрца и Вевчани, Златко Сиљаноски и Спасе Кочовски, денес одржаа работна средба на која се разговараше за тековните приоритети на двете општини, реалните потреби на граѓаните и можностите за унапредување на локалниот развој.
На средбата беше ставен посебен акцент на идните инфраструктурни проекти, подобрувањето на локалните услуги, како и иницијативите кои имаат потенцијал да донесат долгорочни придобивки за жителите.
Двајцата градоначалници ја истакнаа важноста на заедничката посветеност и конструктивната соработка, нагласувајќи дека ваквите партнерства се од суштинско значење за подобрување на квалитетот на живот во општините.
