28/03/2024
Охрид

Работна средба на министрите за надворешни работи на Македонија и Грција, Димитров и Коѕијас во Охрид

На 12 април (четврток) 2018 година во Охрид, министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Димитров, ќе оствари работна средба со министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас.

Посетата на министерот Коѕијас е во рамки на континуираниот дијалог меѓу двајцата министри, во контекст на напорите за надминување на разликата околу името, како и генералното унапредување на односите помеѓу двете земји.