19/04/2024
Спорт

КК Работнички на подготовки во Охрид

ЈП „Билјанини Извори“ деновиве е домаќин на повеќекратниот кошаркарски шампион на Македонија К.К. Работнички.

На седумдневните подготовки во Охрид тренерот на клубот Марин Докузоски максимално ја искористува Спортска сала „Билјанини Извори“, атлетска патека и фитнес центарот „Фит Форм“ за што подобро да се подготват за претстојната натпреварувачка сезона.

„Подобрувајќи ги во континуитет условите за тренирање и натпреварување на спортските екипи во соработка со спортските охридски клубови убедени сме дека ќе придонесат за уште поголем интерес кон изборот Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ да постане прв избор за подготовки и натпреварување на многуте национални и интернационални спортски тимови.“ – информираат од ЈП „Билјанини Извори“.