25/04/2024
Охрид

Работник од Албанија почина во болница во Охрид

На 05.07.2021 година во 21:20 часот, во СВР Охрид, од Општа болница Охрид пријавено е дека кај нив бил донесен повреден Т.Ч.(40) од Република Албанија кој, по укажаната лекарска помош им подлегнал на повредите.

Од преземените мерки на 06.07.2021 година во присуство на Јавен обвинител, инспектори од Државниот инспекторат и полициски екипи, констатирано е дека Т.Ч. бил шумски работник, кој со повреди се здобил извршувајќи работни задачи за сеча на дрва во месноста „Грагорица“ – атар на охридското село Свиништа.