19/04/2024
Струга

Работник од Скопје починал при пад од покрив во Струга

На 27.07.2019 година околу 14:50 часот во Струга пријавено е дека од покрив на објект сопственост на приватна фирма што се наоѓа во индустриската зона на магистралниот пат Струга – Ќафасан, од висина од околу 8,5 метри паднал работникот В. С. (48) од Скопје и починал.

Увид на лице место извршила увидна екипа од Струга, а од страна на Јавен обвинител телото е предадено на обдукција.