29/03/2024
Македонија

Раководството на МВР активно работи на решавањето на проблемите, соработката со синдикатите е многу важна

Во врска со денешниот протест на Независниот синдикат на полицијата, ја информираме јавноста дека за секое барање или предлог на синдикалните организации на полициските службеници и други вработени во институцијата, раководството на Министерството е подготвено за отворен разговор и изнаоѓање на решенија.

По доаѓањето на актуелното раководство на МВР преземени се низа чекори за подобрување на условите за работа на вработените во Министерството. Во тек се конкретни активности за подобрување на стандардот на работење на полициските службеници, почнувајќи од набавка на основната полициска опрема како што се униформи и чизми, нешто што се нема случено скоро цела деценија.

Актуелното раководство на МВР досега ниту одбило каков и да е синдикален предлог, ниту пак има намера во решавањето на проблемите да ги исклучи полициските синдикати. Напротив, сметаме дека само заеднички можеме да дојдеме до најоптималните решенија. Ги покануваме претставниците на полициските синдикати на заедничка средба на која проблемите ќе бидат дискутирани, со цел тие да бидат решени.