28/03/2024
Македонија

Рамазан Бајрам- 15ти јуни е неработен ден за сите граѓани во РМ

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека, согласно со Законот за празниците на Република Македонија (,,Службен  весник на РМ,, бр.21/98 и 18/07), 15 јуни 2018 година (петок), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам, е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на граѓаните од муслиманска вероисповед им го честита Рамазан Бајрам.