19/04/2024
Охрид

Распеано рибарче 2020 во ново руво

  Фестивалот за детска музика Распеано рибарче 2020 ќе се одржи на 14 ноември во различна варијанта од вообичаената. Од многу добро познати причини се изоставува делот од претставите на кои сме навикнати со полни сали. Можеби ќе недостасува детскиот џагор како секаде па дури и во училиштата, но затоа акцентот ќе биде префрлен на медиумските и социјалните мрежи.

  Песните главно беа снимени уште на почетокот на годината, а сега се доработуваат и се во завршна фаза. Ќе има песни со различни стилови: рок, поп, рап, хип-хоп, а ќе се пее за другарството, фламенкото, за учителката итн.

  Поради запазување на протоколот учесниците ќе бидат снимени во различно време еден по еден.

  Фестивалот ќе биде сниман на многу раскошна сцена на Телевизија Ин па младите надежни поп ѕвезди ќе имаат можност да почувствуваат професионална атмосфера. Ќе биде емитуван на Тв Ин (која зрачи и во Австралија и на дваесеттина придружни локални телевизии низ Македонија) и на лајф-стрим линкови кои дополнително ќе бидат објавени непосредно пред премиерата на 14 ноември во 19 часот.