11/10/2024
Македонија

Растурена домашна забава, приведени 28 лица

Денеска (21.05.2021) во 03.00 часот на подрачјето на Центар, од страна на полициски службеници од Полициска станица Центар и Одделение за криминалистички работи Центар и Бит Пазар лишени од слобода се 28 лица, поради постоење основано сомневање за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Имено, постапувајќи по претходна пријава, а по обезбедена наредба од Судија на претходна постапка, извршен е претрес во дом на ул.„Славејко Арсов“, кај В.Ѓ., при што се затекнати 28 лица приисутни на домашна забава. По документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок по член 206 од Кривичниот законик.