25/04/2024
Македонија

Растурена забава во Карпош, приведени осум лица

На 04.01.2021 во 03.00 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за внатрешни работи Карпош ги лишиле од слобода Ф.А.(26), В.С.(32), М.Б.(30), И.С.(28), Д.Д.(34), Ц.С.(32), Д.П.(33) и С.П.(30), поради основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.

Осумте лица биле затекнати во подземна гаража на ул.„Анкарска“ во Скопје на организирана прослава, спротивно на мерките и протоколите донесени од Владата на Република Северна Македонија при прогласена кризна состојба за забрана за групирање на повеќе од четири лица, со цел спречување на ширење на коронавирус ковид-19. Тие се задржани во полициска станица и по документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена кривична пријава по чл.206 од Кривичниот законик.