28/03/2024
Струга

Разбојништво и обид за силување врз вработена во обложувалница во Струга

Поради постоење основи на сомнение за сторени казнени дела „силување во обид“ и „разбојништво во обид“, криминалистичката полиција при полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против Ј.Х. (47) од гостиварското село Ќафа и М.Р.(25) од Пеќин, Република Албанија.

Тие, казненото дело го извршиле на 31 декември минатата година околу 18 часот, во спортска обложувалница лоцирана на улицата „Пролетерски бригади“ во Струга. Откако заминале сите присутни во обложувалницата, двајцата пријавени физички ја нападнале вработената К.М.(38) од Струга, а потоа и го барале клучот од касата.

На пријавениот Х.Ј. од гостиварското село Ќафа, на втори јануари оваа година, изречена му е мерка притвор во траење од 30 дена поради сторено казнено дело „убиство“ извршено на 29 декември минатата година во угостителски објект во Кичево.