19/04/2024
Охрид

Разбојништво во експозитура на „Македонски пошти“ во Охрид

Денес (14.05.2020) околу 12:30 часот, поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојништво“, во СВР Охрид приведен е Д.С.(37) од Пробиштип, со постојано место на живеење во Охрид.

Приведувањето е извршено откако, во СВР Охрид е добиено телефонско известување за стореното казнено дело извршено во експозитурата на „Македонски пошти“ во Охрид, зад Мини-маркет.

Според пријавеното, околу 12:20 часот, во експозитурата влегол, за вработените непознат маж, кој со остар предмет во раката се заканил и побарал да му бидат предадени пари.

Се преземаат мерки за целосно расветлување на настанот, по што ќе биде поднесена соодветна пријава.