26/04/2024
Охрид

Реализиран проект за осветлување на Историскиот архив во Охрид

Деновиве низ континуирана соработка помеѓу ЛК Лихнидос преку проф. Зоран Тунтев и раководителот на охридскиот архив доц. д-р. Никола Митровиќ Бабе се реализира проектот осветлување на Историскиот архив.

За самиот проект проф. Тунтев ќе истакне дека значајни му се две работи. Прво, пријателство и соработка со Митровиќ. И второ, станува збор за објект со специфичен архитектонски израз, без сомнение еден од најдобрите репрезенти на Брутализмот во Македонија, па затоа заслужува посебно внимание.

Од друг страна Митровиќ ќе истакне дека е воодушевен од ентузијазмот на проф. Тунтев и на целокупниот ЛК, дека ова преставува подвиг со кој архивот полека но сигурно го добива својот сјај и пропагирање какво што заслужува. Соработката со проф. Тунтев не застанува тука, ние и претходно имавме прекрасни проекти за кои се заинтересираа дури и одредени амбасадори но веќе можам да откријам дека наскоро градот Охрид ќе биде воодушевен од еден заеднички наш проект кој набрзо ќе се реализира. Да правиме убави нешта за нашиот Охрид.