Реализирани два нови проекти со партерно уредување во Дебрца

Реализирани два нови проекти со партерно уредување во Дебрца, и тоа:

  • На платото во црквата „Св.Спас”, село Годивје, во површина од 160 мкв, просторот каде се прославува верскиот празник „Спасовден”, се одржува културната манифестација „Ѓомлезијада” и е стартот на спортско рекреативната планинска велосипедска тура „Славеј + Караорман”, Дебрца;
  • На влезот во манастирот „Св.Јован Крстител”, село Слатино, во површина од 70 мкв.

Средствата во износ од 208.335 денари се обезбедија од Буџетот на Општина Дебрца за 2019 година.