28/03/2024
Охрид

Ред се чека и пред НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид

Во НУ Библиотека „Григор Прличев“ и во овие летни Ковид времиња е фреквентно и посетена од голем број читатели.

Невообичаено за библиотеките, во Охрид се чека ред за враќање и позајмување книги како да сте пред шалтерите на некоја банка, пошта или друга институција.

Библиотеката ги спроведува сите здравствени и превентивни протоколи и работните простории се дезинфицираат по два до три пати во денот, а вратените книги се третираат под посебен протокол.

До почетокот на септември библиотеката е отворена секој работен ден од 8:30 до 16:00 часот со пауза за дезинфекција на шалтерскиот и другите помошни простории во времето од 12:00 до 12:30 часот.