29/03/2024
Охрид

Регионална работилница за ОИК „Комуникација и пристап кон лицата со попреченост“

Здружението за промоција и развој на инклузивно општество Инклузива во соработка со Државна Изборна Комисија, во рамките на Проектот: Зголемување на учеството на лицата со попреченост во изборниот процес, утре во 11 часот, во сала на Совет на општина Охрид ќе одржи регионална работилница за Општински Изборни Комисии ( Охрид, Струга, Кичево, Македонски Брод, Пласница, Дебрца, Вевчани).

Работилницата е со тема: „Комуникација и пристап кон лицата со попреченост“. Сесиите се состојат од  интерактивни презентации, насоки и примери за ефикасен пристап и комуникација со лица со различен вид на попреченост, наодите од истражувањето за Учество на лицата со попреченост во изборниот процес во РМ и насоки за организирање на пристапни избори (едукација, материјали и информирање).