07/10/2024
Охрид

„Регионалниот патоказ за борба против корупција и нелегални финансии“ во Охрид

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска и утре (24-25.06.2021) во Охрид е домаќин на Церемонијата за усвојување на Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии, кој беше изготвен во рамки на Регионалниот форум кој започна во почетокот на оваа недела, организиран од Канцеларијата на Обединетите нации за дрога и криминал (УНОДЦ), во партнерство со Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција (РАИ).

На церемонијата ќе земат учество и потпретседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, министерот за парвда Бојан Маричиќ, амбасадорите на Обединетото Кралство и на Сојузна Република Германија, министри за внатрешни работи и сигурност и министри за правда од регионот и, секако, високи претставници на Обединетите нации, Канцеларијата за дрога и криминал на ОН и на Секретаријатот на Регионалната иницијатива за борба против корупција.

Овој Регионален патоказ за борба против корупција и нелегални финансии претставува конкретна испорака на договореното од страна на Управната група за преземени обврски од областа на безбедноста во рамки на Берлинскиот процес.