11/10/2024
Македонија

Регистрирани 128 нови случаи на ковид 19, починати се 6 лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1025 тестирања, а регистрирани се 128 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-52, Куманово-6, Штип-29, Прилеп-2, Тетово-6, Битола-2, Кавадарци-10, Гостивар-13, Кочани-1, Пробиштип-1, Македонски Брод-3, Виница-2, Свети Николе-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 137 оздравени пациенти од: Скопје-108, Куманово-2, Прилеп-1, Тетово-11, Велес-1, Битола-3, Гостивар-2, Кочани-2, Кичево-2, Ресен-5.

Починати се 6 лица, четири пациенти од Скопје (82, 48, 82 и 60 години), еден пациент од Кичево (52г.) и еден од Струга (75г.). Сите пациенти се починати во болнички услови. 

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 10213,  бројката на оздравени пациенти е 5564, на починати е 466, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4183. Денес се евидентира еден контролен тест. Во моментов дистрибуцијата по градови е следна:

• Скопје 4660, активни 1876

• Куманово 991, активни 284

• Дебар 192, активни 124

• Штип 761, активни 409

• Прилеп 324, активни 53

• Тетово 998, активни 278

• Струга 416, активни 206

• Велес 212, активни 20

• Битола 116, активни 59

• Охрид 262, активни 111

• Кавадарци 48, активни 31

• Гостивар 385, активни 234

• Гевгелија 22, активни 11 (*7 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 3 на Богданци)

• Струмица 35, активни 24

• Крива Паланка 22, активни 8

• Радовиш 28, активни 23

• Крушево 15, активни 9

• Кочани 95, активни 23

• Пробиштип 48, активни 29

• Демир Хисар 24, активни 22

• Македонски Брод 15, активни 11

• Пехчево 6, активни 0

• Берово 4, активни 1

• Валандово 6, активни 0

• Виница 7, активни 3

• Делчево 5, активни 4 (*4 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица) 

• Кратово 13, активни 8

• Свети Николе 217, активни 189

• Кичево 120, активни 90

• Ресен 143, активни 40

• Неготино 23, активни 3 (*10 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)

Направените 1025 теста се преку: ИЈЗ-662, ЦЈЗ Скопје-25,  Авицена-0, Биотек-0, МАНУ -10, Жан Митрев (Филип Втори)-134, Систина со PCR метода – 113, Судска медицина -0, ЦЈЗ Битола-59, Инфективна клиника-12, ГАК-10. Досега во земјата се направени вкупно 96194 тестирања на ковид-19. Денеска нема тестирања во рамките на скринингот.

На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 4 пациенти.  Вкупно се хоспитализирани 85 пациенти. На кислородна поддршка се 41 пациент, нема пациенти на респираторна машина.  

Во болницата во Козле се хоспитализирани 11 возрасни пациенти позитивни на ковид-19, 4 позитивни деца и 10 пациенти суспектни на вирусот.

Во ГОБ „8 Септември“ примени се 10 нови, вкупно хоспитализирани се 106 пациенти. На респираторна машина се 5 пациенти.

Во болницата во Битола се хоспитализирани 38, а во болницата во Штип се хоспитализирани 49 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 125 пациенти – позитивни и сомнителни на ковид-19. 

Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје) 

• Чаир – 265

• Аеродром – 207

• Бутел – 133

• Гази Баба – 193

• Центар – 150

• Карпош – 164

• Сарај – 109

• Кисела Вода – 183

• Ѓорче Петров – 129

• Студеничани – 93

• Шуто Оризари – 120

• Арачиново – 36

• Илинден – 23

• Петровец – 20

• Чучер Сандево – 12

• Сопиште – 22

• Зелениково- 7

• Странец – 8

• Нераспределен- 2